Иако медиумите најавуваа дека принцот Хари ќе се ожени со својата девојка Кресида Бонас, според магазинот “People”, парот раскинал.Неодамна осамна вест дека самата Кресида станала неодлучна бидејќи кралскато семејство вршело огромен притисок врз нив што побрзо да застанат пред олтарот. Неколку пати се пишуваше и дека девојката на принцот Хари не му се допаѓа на неговиот татко Чарлс.  И додека едни тврдат дека парот се разделил договорно, други тврдат дека принцот Хари сметал дека Кресида премногу е прибирлива и само поради тоа одлучил да ја напушти.

Дури и пријатели блиски до парот потврдуваат дека дошло до раскинување и дека Хари и Кресида одлучиле понатаму да останат какo пријатели. Принцот Хари и Кресида се забавувале две години, па иако принцот Хари планирал да ја запроси, сепак 25-годишната Кресида, која минатиот месец присуствуваше на својот прв официјален настан, не е за него.