Хрватскиот интернационалец Иван Ракитиќ го продолжи договорот со Барселона и најмалку во клубот ќе остане до јуни 2019 година.
Името на Ракитиќ често се споменуваше со Манчестер Сити поради наводните несогласувања со Луис Енрике кој после сезонава ќе го напушти Ноу Камп.
Каталонците во новиот договор на Ракитиќ вметнаа клаузула која изнесува вртоглави 110 милиони евра. Секоја екипа која го посакува Хрватот во своите редови треба да ја исплати клаузулата.
Ракитиќ на Ноу Камп се пресели од Севиља 2014 година, дресот на Барселона го има носено 146 пати и има постигнато 23 голови.
После продолжувањето на договорот на Ракитиќ и на Луис Суарез и Нејмар претходно, Барселона со сите сили ќе се насочи во преговорите со Лионел Меси кои траат подолго време.
OhridNews