Големата трансфер желба на Манчестер Јунајтед нема да се оствари откако тренерот на Реал Мадрид, Рафа Бенитез отфрли заминување на Серхио Рамос.


Стоперот на „кралевите“ и шпанската селекција јавно изјави дека сака да се пресели во Премиер лигата, но челниците не бираа средства да го задржат.

Бенитез на Рамос му ја додели капитенската лента која ја носеше Икер Касилјас кој направи трансфер во Порто и упати порака дека дефанзивецот не мрда никаде.

„Црвените ѓаволи“ во следниот период ќе се фокусираат на нов дефанизивец, а прв пик е членот на Валенсија, Николас Отаменди.

Ohridnews