ГРК Охрид, и покрај европската титула освоена во мај, не доби „вајлд-карта“ за настап во Европската лига.
Охриѓани се наоѓаат на списокот на учесници во ЕХФ Европскиот куп, во кој ќе ја бранат титулата. Во конкуренција од 83 екипи, Охрид е рангиран меѓу носителите и ќе се приклучи во подоцнежна фаза од натпреварувањето. Ждрепката за првото коло од ЕХФ Европскиот куп е закажана за 14 јули.
ЕХФ Европскиот куп е третото по ранг европско клупско натпреварување, а Охрид во претходната сезона ја освои првата европска титула во клупската историја, откако во финалето го совлада унгарскиот МОЛ Татабања.
Единствен македонски претставник во ЕХФ Европската лига ќе биде РК Еурофарм Пелистер кој ќе биде носител во квалификациската фаза.
Г.М.












