Шведскиот напаѓач Златан Ибрахимовиќ нема да го засили Милан и кариерата ќе ја продолжи во Лос Анџелес Галакси, откако одлучи да не се враќа во Европа.

Причината за останување во Америчката фудбалса лига (МЛС) е фамилијата, која нема намера и не сака да се врати во Европа. Ибрахимовиќ во тимот на ЛА Галакси се пресели на почетокот од оваа година, после раскинувањето на договорот со Манчестер Јунајтед.

38-годишниот фудбалер за останувањето во ЛА Галакси ќе добие нов и побогат договор и многу веројатно таму ќе ја заврши кариерата.

Ибрахимовиќ две сезони помина во Милан и на клубот му помогна во освојувањето на титулата во Серија А. Напаѓачот има настапувано во Интер, Јувентус, Барселона, ПСЖ. Ајакс, а кариерата ја започна во Малмо.

OhridNews