Американската тенисерка Серена Вилијамс го откажа настапот и одбраната на титулата на грен слем турнирот Австралија Опен кој означува почеток на новата сезона во тенисот.
Вилијамс после породувањето се врати на тениските терени и беше дел од егзбициските мечеви во Абу Даби. Поразот од Јелена Остапенко и некои сегменти во играта не и се допаднале на Вилијамс која има 23 грен слем тутили зад своето име.
– Можам да се натпреварувам, но не сакам да бидам само учесник. Сакам да се подобрам, бидејќи имаше повеќе работи кои не ми се допаднаа. Затоа ми е потребно време да тренирам и да работам напорно. – изјави Американката.
Грен слем турнирот во Мелбурн стартува на 15 јануари.
OhridNews