Јавното претпријатие „Нискоградба“ апелира до граѓаните да не го фрлаат отпадот од домовите во канализацијата, затоа што на тој начин доаѓа до затнување на истата.
– Со подобрување на временските прилики се позачестено е средување и чистење на домовите на граѓаните и ослободување од отпад и други непотребни материи. Апелираме до граѓаните да не испуштаат цврсти и слични материи со поголем вискозитет, како и зимницата во шахтите на системот за одведување на отпадни и атмосферски води како би се намалиле дефектите и затнувањата, а се за подобро функционирање на системот.-се вели во соопштението на Ј.П. „Нискоградба.
OhridNews