Овој четврток 28.07.2022 „Кампинг” Љубаништа во соработка со НишВил Џез Фестивал ги носи „NiSu brothers” во рамки на промотивната турнеја за фестивалот во Македонија.

Драго ми е што имам можност да настапам на фестивалот со Дејан со кого настапуваме заедно од 2014 година. Ова e првпат во Македонија да има промоција на фестивалот, по ова одиме во Црна Гора. Две години не можевме да настапуваме и драго ние што можеме пак да настапуваме. Кога е во прашање НишВил Џез Фестивал морам да напоменат дека е единствен фестивал во овој дел на Европа кој има бина на која настапуваат диџеите. Веќе седум години успеваме да организираме нешто убаво за посетителите. Станува збор за богата џез програма со докажани диџеи, рече на денешната прес конференција, Милан Саитовиќ, претставник на фестивалот и еден од диџеите кои ќе настапат утре.

 

NiSu Brothers се Милан Саитовиќ ака Jazzysad и Дејан Собот ака DJ Loptica. Тие не се браќа, но заедно настапуваат од 2014 година и во нивните сетови свират денс музика од различни делови на светот. Тие активно работат на промоција и ширење на џез-танцовата култура кај нас и во регионот.

Ова е еден нов концепт на промотивна турнеја. Кампот е совршено место за вакви настани. Културен настан многу редок во овие времиња каде е нападнат системот на вредности. Утре во 17 часот да ја понесеме својата позитивна енергија. Кампот „Љубаништа“ е прв организатор на нешто вакво вон викенд бидејќи сите организатори гледаат настаните да се за време на викенд. Покрај овој настан на 12 август е и мојот концерт. Мораме да се трудиме да отвориме нови сцени во Охрид и да не се фокусираме на периодот за 2 август, бидејќи не е добро се да биде сместено во еден период, треба да се рашири сезоната, вели нашиот реномиран џез мучичар, охридскиот гитарист Владимир Четкар.

Љубители на џез музика и добра забава, овој четврток автокампот „Љубаништа“ е вистинското место за вас, порачуваат организаторите.

OhridNews