Лидерот во француската Прва лига, Ница има сериозни планови и амбиции сезонава и не сака лесно да се откаже од првата позиција на табелата.
Клубот кој во летниот преоден рок го доведе Марио Балотели и успеа да го препороди во зимскиот сака да го доведе Езекил Лавеци.
Аргентинецот од француската лига се пресели во Кина поради добрите плати кои ги нудат клубовите, но сака да се врати во Европа, а Ница подготвена е да му пружи шанса.
Адаптацијата на Лавеци во Ница нема да му биде проблем затоа што тој пред преселбата во Кина ги бранеше боите на Пари Сент Жермен.
OhridNews