Владата на вчерашната отворена седница ги прифати измените и дополнувањата на Предлог-законот за автокампови.

Како што пренесува „МИА“, вакво законско решение во Република Македонија се предлага за прв пат, а оваа област воопшто или многу малку била регулирана со македонската легислатива.

Министерствотоза транспорт и врски предлага автокампови да бидат основани од државата или од физички лица на приватно земјиште, каде е планирана изградба на автокампови.

– За формирање на автокамп треба да се даде предлог до Влада. Владата одлучува за формирање на автокамп, а додека комисија ќе ја определува категоризацијата на автокамповите согласно претходно утврдени критериуми, изјави Јанакиески. Додаде дека станува збор за европски критериуми според кои има четири категории на автокампови. Начинот и постапката на формирање на автокамп ќе биде многу слична како туристичките развојни зони. Предвидено е 70 проценти од површината на автокампот да се користи за кампирање, а додека 30 проценти можат да се користат за продавници, здравствени објекти, за спорт и рекреација, за зеленило…, образложил министерот за транспорт и врски Миле Јанакиевски. 

Во законот првпат се предвидува и одредба за времено кампување. На пример доколку има некој музички хепенинг да може да се формира времен камп на локација кој ашто ќе ја утврди општината.

Контролата за тоа како се спроведува законот ќе ја врши Државниот пазарен инспекторат.

Јанакиески тврди дека досега во Република Македонија законски нема формирано автокамп што фактички значи дека сите автокампови што функционираат во земјата не постојат на хартија.

Агенцијата за просторно планирање, рече Јанакиески паралелно прави планови за сите автокампови во Република Македонија.

– Очекувам до крајот на 2013 година да има неколку формирани автокампови во Република Македонија, изјави Јанакиески.

Туристите според него ќе добијат информација за тоа од која категорија е автокампот, а очекува дека со тоа ќе се зголеми и бројот на туристи во земјата.

OhridNews