Професионалната кошаркарска лига во Соодинетрите американски држави (САД) позната како НБА во која сме навикнати се да функционира беспрекорно и без грешка се соочи со неверојатен пропуст и ситуација.

Натпреварот помеѓу Индијана и Њу Орлеанс се одложи и не се одигра, откако покривот на „Smoothie King Center“ салата попушти и вода протече директно на паркетот каде се натпреваруваат кошаркарите.

На вакви случки и поларни температури во салите во НБА лигата не сме навикнати, додека на нашите простори ваквите ситуација се сосема нормални. НБА лигата експресно отвори истрага за пропустот и најави казна за домаќинот, додека кај се стои со скрстени раце и се креваат раменици.

OhridNews