Селото Лескоец, особено горните зони,  во летниот период се соочува со недостиг од вода за пиење. Причина за тоа според МЈП „Проаква“ е наводнувањето на градините и тревните површини од страна на жителите.

– Апелираме до сите корисници од с.Лескоец кои што имаат бавчи, тревници и сл. да прекинат со наводнување во период од 07:00 ч. наутро до 19:00 ч. во текот на  летната сезона односно од 1 јули до 20 август, велат од МЈП „Проаква“, посочувајќи дека  тоа е заеднички интерес на сите граѓани.

Жителите на Лескоец во екот на изборната кампања доставија иницијатива до  советничката група на ВМРО ДПМНЕ, Советот на општина Охрид да го разгледа проблемот со водоснабдувањето во селото. Тие побараа и да се преиспита даденото одобрение за преземање на водоводот во Лескоец од страна на МЈП Проаква, потпишано во 2008 година од страна на тогашниот претседател на Месната заедница, бидејќи, како што тврдат, тоа не било потпишано од страна на сите жители на селото, како и дека јавното претпријатие не ги исполнило условите наведени во договорот за преземање на водоводот.

OhridNews