Нивоата на Охридското и Преспанското Езеро се за еден сантиметар пониски од вчера, покажуваат денешните хидрометеоролошки мерења, додека нивото на Дојранското Езеро е без промени. Според УХМР, Охридското Езеро е нешто над августовскиот просек, а Преспанското и Дојранското се со подпросечни вредности за август.
Нивото на Охридско Езеро денес се наоѓа на кота од 693,48 м.н.в. што е за два сантиметри над просекот за август. Сепак според неделната анализа има благо опаѓање на нивото од 8 август кога било на кота од 693,52 м.н.в., до вчерашните измерени 693,49 м.н.в.
Температурата на Охридско Езеро е 22 степени што е за еден ипол степен пониска од просекот за август.
OhridNews












