Нивото на Охридското Езеро првиот ден од септември на кота од 693.44 м.н.в. што е за 10 сантиметри над просекот за месец септември кој изнесува 693.34 м.н.в, покажуваат последните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи.
Со тоа нивото на Охридското Езеро е моментално 27 сантиметри над минималната кота утврдена со Билатералниот договор со Албанија (693.17 м.н.в), односно 34 сантиметри над природниот минимум (693.10 м.н.в).
Неделната анализа покажува дека нивото на езерото било константно на кота од 693.45 м.н.в. се до први септември кога истото е намалено за еден сантиметар.
Температурата на езерото вчера била 23 степени, повисока за три степени од просекот за септември кој изнесува 20.1 степени.
OhridNews