Котата на езерото измерена утринава е 693.35 (м.н.в), односно три сантиметри пониско од просекот за јануари кој изнесува 693.38 (м.н.в). Нивото на Охридското Езеро е моментално 18 сантиметри над минималната кота утврдена со Билатералниот договор со Албанија (693.17 м.н.в), односно 25 сантиметри над природниот минимум (693.10 м.н.в).

По долг период на суша, Охридското Езеро во декември ја поврати кондицијата кога станува збор за количество вода во басенот. Иако се бележи намалување од еден сантиметар во однос на вчерашните мерења, сепак нивото е блиску до просекот за Јануари.

Според мерењата на УХМР во текот на изминатите 24 часа, до 7 часот утринава најмногу дожд наврнало  во Охрид односно шест литри на метар квадратен воден талог. Пет литри наврнале во  Тетово, четири во Крива Паланка, три во Пожаране и Крушево и еден литар на квадрат во Ѓуриште, Виница и Куманово.

За време на викендов и во почетокот на наредната седмица ќе преовладува променливо облачно, ветровито и многу студено време со повремен слаб локален снег. Утринските температури на места ќе се спуштаат под -10 степени, а дневните на повеќето места ќе се задржат под нула.

 

OhridNews