Нивото на Охридско Езеро е два сантиметри над просекот за ноември и се наоѓа на кота од 693,31 м.н.в покажуваат податоци од Управата за хидрометеоролошки работи.
Неделната анализа покажува дека нивото на езерото бележи благ пораст од еден сантиметар дневно освен два дена кога нема промени споредбено со претходниот ден.
Температурата на езерото денес е 14 степени и истата е за околу еден степен повисока од просекот за ноември.
OhridNews