Нивото на Охридското Езеро денес е на кота од 693,28 метри надморска височина, што е за 29 сантиметри пониско од просекот за април (693,57 м.н.в.), покажуваат денешните мерењата направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Првите денови од април односно на први и втори водостојот беше за еден сантиметар повисок и изнесуваше 693,29 м.н.в., за разлика од трети кога водостојот е идентичен со денешниот.

Температурата на водата денес е 8 степени Целзиусови, што е под просекот кој изнесува 10,3 степени за месец април.

OhridNews