Нивото на Охридско Езеро измерено утринава е на кота од 693.68 м.н.в, односно три сантиметри над просекот за јуни кој изнесува 693.65 м.н.в, покажуваат мерењата од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Температурата на водата денес е 25 степени што е пет степени над просекот за јуни 19,5.
И температурата на другите две природни езера во Македонија е над просекот за месец јуни и изнесува 28 степени во Дојранско Езеро и 23 степени на Преспанско Езеро.
OhridNews










