Нивото на Охридското Езеро денеска е за еден сантиметар повисоко од вчерашното мерење и изнесува 693,87, односно за 12 сантиметри над максимално утврдената кота од 693,75 метри.

Нивото на езерото на Кејот во Охрид се уште е на 15-тина сантиметри под нивото на бетонската патека, но ситуацијата е загрижувачка затоа што поради брановите веќе има излевање на водата од езерото на некои места од крајбрежјето.

Експертите ситуацијата не ја оценуваат за критична, меѓутоа загружувачки се временските прилики во регионот, врнежливото време, релативно високата температура за овој период од годината, како и  мошне високото ниво на реката Црн Дрим.

Екипите на Центарот за управување со кризи се на терен и ја следат состојбата, а слично реагираат и службите на локалната власт во Охрид.

Ohridnews