Нивото на Охридското Езеро бележи контантно опаѓање, благодарение на повилните временски услови и престанокот на врнежите. Според денешните мерења, водата во езерото денеска се наоѓа на котата 693,89 што е 14 сантиметри над горната утврдена граница.

Завчера нивото на езерото беше 15 сантиметри над горната граница така што се задржува трендот, опаѓањето на нивото на водата на Охридското Езеро да изнесува еден сантиметар на секои два дена.

Инаку, испустот на вода од езерото во Црн Дрим кај Струга изнесува 71 метар кубен во секунда. Водостојот на реките од езерското сливно подрчаје бележат константно опаѓање. Нивото на водостојот на Сатеска денеска изнесува 80 сантиметри, додека на Коселска Река 62 сантиметри. Денешните мерења покажуваат дека водостојот на Црн Дрим на мерниот пункт кај Враништа изнесува 220 сантиметри.

Стабилизирањето на временските прилики регистрирано деновиве, поволно влијае во насока на стабилизирање и на вкупната хидролошка состојба.

OhridNews