Обилните врнежи од дожд кои изминативе неколку денови ја зафатија охридско-струшката котлина, го зголемија нивото на вода во Охридското Езеро и во останатите водни басени во околината.
Според последните информации на Управата за хидрометеоролошки работи и Центарот за управување со кризи, нивото на водостојот на Охридското езеро е на 693,95 метри надморска височина, што претставува 20 сантиметри над максимално дозволената кота.
Како причини за ваквата состојба се наведуваат интензивните врнежи од дожд, но и топењето на снеговите кои можат да претставуваат опасност за излевање на реката Црн Дрим од нејзиното корито.
Според најавите на метеролозите, врнежите од дожд ќе продолжат до крајот на неделава со послаб интензитет.
OhridNews