Нивото на водата во Охридското Езеро според денешните мерења спроведени од Управата за хидрометеоролошки работи се наоѓа на котата 693,29 метри надморска височина. Водостојот денеска е 28 сантиметри под просекот за април или 19 сантиметри над дозволениот минимум.

Температурата на воздухот е 9 степени, што е за околу еден степен под просекот за април.
OhridNews











