Обилните врнежи од дожд изминатите два дена придонесоа нивото на Охридсото Езеро да се зголеми за дополнителни три сантиметри и сега се наоѓа на надморска висина од 693, 82 м., што е 7 сантиметри над максимално утврдената кота.
Нивото на Охридското Езеро 7 сантиметри над максималната кота
Од ЕЛЕМ, вчера информираа, дека нивото на Охридското Езеро е во безбедносни граници и дека е воспоставен соодветен режим на испуштање на водата во Црн Дрим, како и од акумулациите на реката. Оттаму појаснуваат дека нивото расте поради обилните врнежи од дожд и топењето на снегот и дека состојбата не треба да се поврзува со работата на хидроелектраните на Црн Дрим.
И коритото на реката Црн Дрим во Струга полно до врв
Според најавите, во сабота ќе преовладува променливо блачно време, претпладне со локално провејување на снег. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер, особено претпладне. Максималната дневна температура во Охрид ќе достигне со 2 степени Целзиусови. Веќе од недела температурите ќе бидат во пораст, а средината од идната седмица се очекуваат нови врнежи од дожд.