За една недела нивото на Охридското Езеро се зголемило за два сантиметра. На 4 април тоа било на кота 693,29 метри надморска височина, а денес е на 6930,30 м.н.в.

И покрај благото подобрување на хидролошката состојба, нивото на Охридското Езеро се уште е под просекот за овој период во годината. Имено, просекот во месец април изнесува 693,50 м.н.в., што е за дваесет сантиметри повеќе во однос на актуелните мерења. Со оглед на големината на езерото, тоа е значителен губиток на водна маса.

Ваквите осцилации неповолно се одразуваат на живиот свет во Охридското Езеро. Загрижува и тоа што зимата беше сушна, што дополнително влијае на хидролошката ситуација. Пролетните дождови треба да придонесат за подобрување на состојбата, во која мера ќе успеат, останува да се види.

Г.М.