Според податоците од утринското мерење, нивото на водата во Охридското езеро е непроменето во однос на вчерашниот ден. Намален е дотокот на локалните реки во езерото, а според прогнозите за наредните денови, не се очекуваат врнежи од дожд, што позитивно ќе влијае на стагнација на езерското ниво, со тенденција за опаѓање., соопшти Центраот за управување со кризи.

Испустот на вода преку портите на Црн Дрим изнесува 60 метри кубни во секунда. Состојбата на езерото Глобочица е стабилна и има опаѓање на нивото на водата за два сантиметри, додека Дебарското езеро денес бележи минимален прелив и нема опасност за околината, информираат од ЦУК. 

Ohridnews