Нивото на Охридското Езеро во ноември бележи постојан раст и според денешните мерења е на 12 сантиметри над минималната кота утврдена на 693,17 метри надморска височина. Тоа е повеќе од просекот за овој период од годината кој според мерењата на Управата за хидрометеоролошки работи изнесува 9 сантиметри над минималната кота.
Хидролошката состојба на Охридското Езеро до ноември беше неповолна и во најголем дел нивото беше под просекот и блиску до минималната кота, што се должи на сушата која оваа година го погоди регионот.
OhridNews












