Нивото на Охридското Езеро е намалено за еден сантиметар во однос на вчерашниот ден, но е за три сантиметри повисоко од јулскиот просек, покажуваат денешните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи.
Со тоа нивото на езерото е на кота од 693,61 м.н.в. и е над просекот за месец јули кој изнесува 693.58 м.н.в.
Според неделната анализа, пак, температурата на водата во Охридско Езеро е во пораст и денес изнесува 24 степени и е над просекот за месец јули.
И Преспанското Езеро денеска има зголемен водостој во однос на вчера за еден сантиметар, но е под просекот за јули. Нивото на Дојранското Езеро, пак, е без промени, но е, исто така, пониско од јулскиот просек.
OhridNews