Според податоците од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), нивото на водата во Охридско, Преспанско и Дојранско Езеро е стабилно и во рамките на просечните вредности за месец ноември.

Зголемено ниво на водата денеска има реката Вардар, особено кај Јегуновце и кај Демир Капија. Исто така, реката Треска кај Македонски Брод, Пчиња кај Катлановска Бања, Црна Река кај Новаци и Сатеска кај Ботун покажуваат пораст на нивото на водата, посочуваат од УХМР.

Сепак реките Брегалница кај Берово и Црн Дрим кај Ложани покажуваат намалување на нивото под просекот за ноември.

OhridNews