Пред два дена започнатата сложена операција за зголемување на капацитетот на испусниот канал на Слатинско Езеро го дадоа очекуваниот ефект.

Како што информираат од Центарот за управување со кризи, нивото на водата во езерото до 12 часот по полноќ  е намалено за дваесет сантиметри.

Активностите во рамки на сложениот зафат за правење отвори во бетонската преливница на испусниот канал и понатаму се одвиваат, а во нивната реализација учествуваат екипа на специјализирана градежна компанија потпомогната од нуркачки тим на Дирекцијата за зашитата и спасување.

Направени се четири отвори, а во текот на денешниот ден ќе се продолжи со продлабочување на истите. Отворите се со должина од 2 метри,а ширина околу 30 сантиметри.

Очекувањата се дека со забрзаното празнење на акумулацијата низ испустниот канал, ќе се намали притисокот врз оштетената земјена брана. За да се постигне посакуваниот ефект ниовото на вода во акумулацијата треба да се намали за најмалку еден метар. Се дотогаш, велат струшните лица, опасноста да се урне оштетената земјена брана и натаму е голема.

OhridNews