Во повеќе домови на наши повозрасни соограѓани, деновиве, доаѓале лица кои се легитимирале како лекари и преку измама им земале пари, при тоа објаснувајќи дека се пратени од Министерството за здравство.

На постарите лица им кажувале дека прават список за бесплатни прегледи кои ќе се вршат по 15- ти септември во Општата болница. За услугата- нивното име да биде внесено на списокот, им наплатувале од 2. 000 до 3. 000 денари.

Ваква појава деновиве е забележана и во Битола и Прилеп.

Пред два месеци на сличен начин биле земани пари од пациенти кои претходно биле подложени на хирушки зафат во Специјалната болница Филип втори во Скопје. Лицата измамници, кои успеале да го добијат списокот на пациенти од оваа болница, подоцна ги посетувале пациентите кои веќе се наоѓале на домашна нега. Со разни објаснувања- дека се дел од медицинскиот персонал од болницата и вршат домашна посета, им наплатувале и по 100 евра.

Ohridnews