Изминатиов период, екипите на Јавното претпријатие „Нискоградба“ реализираа низа активности, кои имаат за цел да ја подобрат инфраструтурата во неколку охридските населби.

Улицата „Крум Точко“ се копа во длабочина од 20 см и двослојно се тампонира, додека по целата должина на улица „АСНОМ“ се поставува бекатон, се подига потпорно ѕитче и се одбележуваат пешачки зони. Исто така, привршуваат и активностите околу заштитната ограда на тротоарот непосредно пред ОУ „Христо Узунов“.

На патниот простор од населбата „Црногорци“ до селото Лакочереј каде веќе е поставена нова канализациона мрежа, деновиве се прават шахтите и прелазите.

Инаку, претпријатието го заврши тампонирањето и останатите градежни активности на улицата „Петрино“, која се очекува да биде асфалтирана деновиве.

OhridNews