Во основното училиште „ Св. Климент Охридски“, детската недела се одбележа со повеќе активности, креативни работилници кои се одржаа во текот на измината седмица.
Основците одржаа поетско творење на тема „Сите сме едно – растеме заедно“, а беа прочитани и повеќе лични творби составени од учениците од трето, четврто и петто одделение. Резултат на активноста беше и збирката со детска поезија посветена на децата и играта.
Следуваа спортски игри во салата ,,Атина Бојаџи“ на кои учествуваа ученици од третите одделенија при ОУ „ Св. Климент Охридски“, во организација на професорката по физичко воспитување Кате Стојаноска во соработка со директорот на центарот Иван Цветкоски.Во салата весело одекнуваше детската смеа и џагор, а учениците играа се забавуваа и се натпреваруваа. Следуваа ликовни работилници, на тема детското дружење, соработка, помагање и почитување, како и детските права, при што беше претставена училишна изложба на детски ликовни творби.
Активностите завршија со приредба организирана во чест на приемот на првачињата во Детска организација. На првачињата им беа доделени детски пасоши и значки.
OhridNews