НВО ХЕПТА, Опција Охрид, Црвен Крст Охрид и Инфективното одделени при ЈЗУ Општа болница Охрид со низа активности ќе го одбележат 28 јули, Светскиот ден за борба против хепатитис.
Целта е подигање на свеста кај општата популација од ризиците и последиците кои настануваат од оваа болест.
Денес се врши доброволно доверливо советување и тестирање за ХИВ и Хепатитис Ц), а во 20 часот, во просториите на општинскиот Црвен крст ќе се оддржи Едукативна работилница со клубот на млади Црвен Крст Охрид, со проф. Розалинда Исијановска – НВО Хепта Скопје. За денес е предвидена и Едукативна работилница со целни групи, која ќе ја води Царева Рувинова во просториите на Опција- Охрид.
Во петок, преку целиот ден, ќе се вршат бесплатни тестирања и совети за Хепатитис Ц во Инфективното одделение при ЈЗУ Општа болница Охрид, а предвидено е и делење на едукативен матерјал по охридските плажи и низ градот. Во петок ќе се оддржи и уште една Едукативна работилница со целни групи – Опција Охрид.
Оваа година, мотото под кое се одвива кампањата е „Ова е хепатитис… Запознај се. Спротивстави се. Тестирај се. Поблиску е одколку што мислите“.
Приближно 520 милиони луѓе во светот се заразени со ХЦВ или ХБВ. Оваа бројка е за околу 13 пати повеќе од бројот на заразени со ХИВ/СИДА. ХЦВ или ХБВ убиваат 1 милион луѓе годишно,помалку од 1/3 (32%) од владите во светот немаат спроведено или финансирано активности за да се намали стигматизацијата или дискриминацијата на лицата кои живеат со ХЦВ или ХБВ. Едно од три лица на планетата е изложено на некој од двата вируси без да знае.












