Општинската организација на Сојузот на борци од Народноослободителната и антифашистичка војна на Македонија 1941-1945 и на граѓаните продолжувачи во општините Охрид и Дебрца и локалната самоуправа на општина Дебрца, по повод 74 годишнината од формирањето на Првата Македонско косовска народно ослободителна ударна пролетерска бригада (МКНОУПБ) на 11 Ноември 1943 година во с.Сливово и Патронатот на ОУ “Дебрца”, утре организира низа активности.
Предвидените активности ќе започнат во 10.15 часот во село Сливово со положување на свежо цвеќе на спомен обележјето. За борбениот пат на бригадата и нејзиното значење за конечното ослободување на земјата ќе зборува Наце Иваноски – Професор по историја. Предвидена е и посета на спомен домот.
Во 11 часот во село Белчишта ќе биде посетена спомен собата и ликовната галерија. Во 11.30 часот ќе се изврши положување на свежо цвеќе на споменикот на паднатите борци од НОБ и жртви на фашизмот. Во 12 часот ќе с еодржи Свечена програма по повод Патрониот празник на основното училиште „Дебрца”.
OhridNews












