Коалицијата на невладини организациии „СЕГА“, Младински Совет Охрид и децата правобранители и овој месец продолжија со реализацијата на активностите, предвидени со проектот за имплементација на Конвенцијата за правата на детето во Република Македонија. Во Охрид овој проект се спроведува веќе седма година и во него се вклучени учениците од О.У „Братство Единство“ и С.С.О.У „Свети Кирил и Методиј“.

Во тој контекст, во текот на изминатите триесет дена децата правобранители од двете гонреаведени училишта извршиле презентации на Ревидираниот прирачник за дете правобранител, пред нивни соученици и пред наставниот кадар во основните училишта „Христо Узунов“ и „Свети Климент Охридски“, како и во О.Е.М.У.Ц 2Свети Наум Охридск“. На презентациите, правобранителите им објасниле на присутните ученици дека тие треба да ги штитат своите права кои Конвенцијата ги регулура од раѓањето до 18-тата година од животот, меѓутоа и да се борат за нивно поголемо вклучување и ангажмна во процесот на донесување одлуки на училишно ниво, но и во активностите на ученичките заедници.

И овој месец, правобранителите присуствувале на седница на Советот на Општина Охрид, каде што имале директна можност да се запознаат со процесите на донесување одлуки за унапредување на квалитетот на животот на граѓаните на Охрид. Понатаму, децата правобранители вршеле и презентации на електронската пријава и на формуларот за прекршување на детските права и соученици од нивните матични образовни центри,  притоа објаснувајќи дека тие како деца имаат право да пријават прекршување на некое нивно право кај нив како посредници меѓу учениците и наставниците.

На редовните состаноци со локалниот координатор, произлегле и повеќе иницијативи за подобрување на инфраструктурните услови во училишните објекти од кои тие доаѓаат, кои понатаму, во договор со раководните структури на двете установи, ќе бидат поднесени и како иницијативи од Општинскиот Совет.

Меѓу другото, биле реализирани и повеќе активности поврзани со малите проектни грантови кои Коалицијата „СЕГА“ им ги доделила на двете училишта. Во тие рамки, ученичката заедница при О.У „Братство Единство“ изработила креативни постери со пораки за детските права и за одржување на хигиената во училиштето, кои понатаму биле поставени во повеќе училници во објектот, како и џебни календари со истата содржина.

Исто така, активен придонес кон реализација на малиот грант дале и членовите на ученичката заедница при С.О.С.У „Свети Кирил и Методиј“ кои одржале повеќе работилници на тема „Здрави генерации, здрава иднина“. Учениците изработиле и еко–хамери кои се поставени во училишниот ходник, како и маички со натпис „I love ecology“, кои ќе бидат искористени од страна на еко патролата во училиштето.

Освен во Охрид, проектот за имплементација на Конвенцијата за правата на детето се спроведува и во 13 други училишта во Струга, Прилеп, Битола, Штип, Кавадарци, Тетово, Гостивар, Куманово и Тетово, под покровителство на Швајцарската фондација „Песталоззи“.

OhridNews