Се врши санација и замена на оштетените корпи за ситен отпад во градскиот парк, се расчистуваат граничниците покрај коловозите и одливните шахти од обрасната трева и песок на “Булевар Туристичка”, а се уредуваат и локации во стариот дел од градот, меѓу кои и градското кале каде се врши косење на тревата.
– Активностите се одвиваат согласно Програмата за работа за 2013 год. со цел подигнување на степенот на јавна чистота и јавно зеленило, велат од јавното претпријатие.