Секој четврток во просториите на локалното Здружение на глуви и наглуви лица, постои неформален собир и дружење каде што граѓаните споделуваат искуства од различни области. Просториите на овој центар се реновирани од страна на самите членови, преку фондацијата на Владо Велјаноски, нашинец кој живее во Холандија.

почетокот од оваа година, Здружението се поднови со чајна кујна, каде граѓаните со оштетен слух можат да си направат кафе и чај со цел дружењето да им биде попријатно.

Благодарение на донацијата од Владо Велјаноски, ја направивме таа мала кујна каде што членовите секој четврток можат да си направат кафе или чај. На тие средби присуствуваат повеќе наши сограѓани, па уште еднаш би сакале да му се заблагодариме на Владо.“ – истакна  Славица Стефановска од локалното Здружението на глуви и наглуви лица.

На 21-ви април, во организација на хотелот Далјан и Националниот Сојузот на глуви и наглуви лица на Македонија, се одржа традиционалниот натпревар во готвење  ,,Жена домаќинка 2013“.

На натпреварот учествуваат преставнички од секое Здружение на глуви и наглуви од 18-те града низ Македонија. Дружењето беше во преден план, а  секој град си правеше свој специјалитет. Од една страна, интересни беа специјалитетите поврзани со велигденските празници, а од друга со празниците на Албанците кои приготвија традиционални јадења. На еден начин, разменивме искуство и култура, што е особено важно за овие лица.“ – додава Стефановска.

Во моментов, Здружението се подготвува за Изборот на мис на девојка со оштетен слух, кој традиционално ќе се оддржи во Охрид.

Оваа манифестација ќе се оддржи во хотелот Далјан, а ние како домаќини сме главни организатори. На изборот за мис ќе има неколку претставнички, но пријавувањето се уште не е завршено. Најубавата деојка ќе се натпреварува на Изборот за мис на светот, кој традиционално се оддржува во Чешка. Престојот на нашата претставничка заедно со нејзиниот ментор е на товар на Сојузот на глуви лица на светската федерација. Тоа вклучува 12 дневен престој во Прага со шетање, фитнес, шминка и учење на чекори на движење. На еден начин, тоа е доживување за нашите девојки.“ – вели Стефановска.

Исто така, ова Здружение е организатор на маскенбалот на Сојзуот на глуви и наглуви лица на Макеоднија, кој ќе се оддржи истата вечер во месец јуни.

Истата вечер, во склоп на Изборот на мис ќе се оддржи максенбал. На него ќе учествуваат претставници од сите градови во земјава. Маските се прават рачно, се доста креативни и преку пантомима и движење ја доловуваат вистинската порака. Претходната година ја имавме маската „Македонска традиционална свадба“, која беше успешна.“ – истакна Стефановска.

Таа се надева дека во периодот кој претстои, заедно со локалното Здружение на слепи лица ќе остварат средба со новиот градоначалник и новиот Совет на локалнта самоуправа.

Се надеваме на поддршка од локалните власти и продолжување на соработката која ја имавме во изминатиот период.“ – додава Стефанвоска.

О.Т.