Општина Охрид и Општинската организација на Сојузот на борците од Народноослободителната и антифашистичката војна на Македонија со низа активности ќе го одбележат 7-ми Ноември, Денот на ослободувањето на  Охрид.

Во 10 часот во вторник, ќе биде положено свежо цвеќе во Спомен – паркот на Револуцијата,  пред споменикот на паднатите борци кај Градските гробишта, споменикот на Петре Пирузе во дворот на Основниот суд, споменикот на Мите Богоески во дворот на СОСУ Св. „Кирил и Методиј“, спомениците на Андон Дуков и Спас Банџов во градскиот парк. Во 10.45 часот ќе се положи свежо цвеќе и одржи Панихида пред споменикот на Јасна Ристеска во село Рамне.

Во 12 часот, во големата сала на општина Охрид, ќе се одржи Свечена културно-уметничка програма, а во 13 часот свечено ќе биде предаден во употреба реновираниот објект „Развигорче“ на ЈОУДГ „Јасна Ристеска“.

Во 17 часот, со свечена приредба на децата од охридската градинка, во СРЦ Билјанини извори, ќе се одбележи Патрониот празник на ЈОУДГ „Јасна Ристеска“. Во 18.30 часот ќе се одржи Седмоноемвриски концерт на учениците од ОМУ „Методи Патчев“, во просториите на училиштето.

OhridNews