Вечерва продолжува програмата за одбележување на 2-ри Август, Денот на Републиката, во организација на Општина Охрид.

Од 21:00 часот, пак, кај црквата Св.Илија во селото Рамне ќе се одржат традиционалните Илинденски средби.
Чествувањата продолжуваат утре кога во 10:00 часот ќе биде положено цвеќе пред спомен-обележјата на Илинденците во Градскиот парк, а потоа кај „Прентов мост“. Од 11:00 часот во селото Плаќе ќе се одржи историски час, по што е предвидена и културно-уметничка програма. Вечерта од 21:00 часот во селото Елшани ќе се одржи Илинденска вечер.
OhridNews











