Ноќната трка која ќе се одржи вечер со почеток во 21 часот ќе го означи стартот на 10-то јубилејно издание на спортската манифестација „Охрид трчаТ“, која има богата програма утре и во недела кога ќе се одржат трките од 5 и 21 километар.

Учеството е бесплатно, а сите учесници на ноќната трка ќе добијат светлечки фосфорни прстени за дополнителна магија низ охридската ноќ. Веднаш по финишот, забавата продолжува со Pasta Party и концерт на групата „NO FUN”. Ќе прославиме 10 години Костал и 10 години „Oхрид трчаТ“, еден заеднички јубилеј и една деценија партнерство кое трае уште од самиот почеток, велат од АК „Охрид трчаТ“.

OhridNews











