Нобеловата награда за мир за 2021 година ја добија новинарите Марија Реса од Филипините и Дмитриј Муратов од Русија „за нивните напори да ја заштитат слободата на изразување, што е предуслов за демократија и траен мир“, објави Шведската академија. Наградата им е доделена за храбрата борба за слобода на изразувањето на Филипини и во Русија.

Главниот и одговорен уредник на Новаја газета, Дмитриј Мутаров еден од добитниците на овогодишната Нобелова награда за мир, изјави дека таа награда не е негова заслуга туку за весникот и колегите кои загинале за слободата на говорот.

 

OhridNews