Американскиот претседател Барак Обама е добитник на годинешната Нобелова награда за мир, соопшти Норвешката академија од Осло која ја доделува наградата.
Во образложението, кое го претстави претседателот на комитетот, Торбјорн Јагланд, се потенцираат „огромните напори на Обама да ја зајакне меѓународната дипломатија и соработката меѓу луѓето“. Комитетот и‘ придал особено значење на визијата на Обама и неговите напори за свет без нуклеарно оружје, при што се заклучува дека тој креирал нова клима во меѓународната политика.
– Ретко досега една личност од калиброт на Обама успеала да го насочи светското внимание и да му даде надеж на својот народ за подобра иднина-, се вели во образложението.
Наградата, вредна околу еден милион евра, на американскиот претседател ќе му биде врачена на 10 декември во Осло. Годинава Нобеловиот комитет прими рекордни, 205 номинации за наградата за мир, од вкупно 33 организации. Минатата година, со ова престижно признание се закити поранешниот фински претседател Марти Ахтисари.
Воведување на новата авиолинија Охрид-Братислава и подобрување на економските и трговски односи меѓу Македонија и Словачка беа тема на денешната средба помеѓу заменик претседателот на Владата и мин...
ЈП „Охридски Комуналец” активно вклучен во подготовките за одбележување на најмасовната културно-верска манифестација Богојавление-Водици 2026 За достоинствено одбележување на овој најголем п...
Градоначалникот Кирил Пецаков денеска оствари протоколарна средба со амбасадорката на НР Кина, НЕ Џијанг Сјаојан која беше во прва официјална посета на Општина Охрид На средбата беше разговарано за...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.