Една година охриѓани и туристите во срцето на старата чаршија уживаат во уникатниот вкус на сладоледите од џелатеријата „Ночелино“, изработени според оригинален италијански рецепт и состојки од Апенинскиот полуостров кои и даваат посебен шмек на оваа успешна слатка приказна, која посетителите ја раскажуваат со задоволство.
Сопственичка на „Ночолино“ (мало лешниче), Александра Ноческа, е задоволна од тоа како џелатрирајата е прифатена од посетителите, особено од охриѓани.
Генерално сум многу задоволна. Многу работа и внимание се вложени во оваа година. Можеби да сме на друго место овој бизнис би се исплатил многу повеќе, но зошто во Охрид да нема нешто вакво, како туристички центар. – вели Александра во разговор за Охридњуз.
Омилен сладолед на купувачите минатата година им бил „Крема Сицилијана“, а оваа година сладоледот „Ночолино“ со троен лешник, паста, крем и печен лешник, како и сладоледот од фстак, кој е толку баран што деновиве и го нема додека не пристигнат специјалните природни состојки произведени во Италија.
На почеток на летово многу се бара и сладолед јогурт со манго и ананас, вели Александра.
Тоа е доказ дека сладокусците сакаат избор и сакаат нешто ново, поинакво од вообичаената понуда и се подготвени да платат доколку добиваат вистинска вредност за своите пари, додава нашата соговорничка. И таа, како и поголем дел од охридските угостители, смета дека е неумесно да се генерализира и да се изведуваат несоодветни заклучоци за цените што ги нуди Охрид оваа летна сезона, вклучитено и на нивните сладоледи, кои се сосема поразлични од конкуренцијата, како по начинот на подготвување и вкус, така и по трошоците кои ја формираат цената на чинење.
Не мислам дека цените се високи. Напротив. Кога одиме во некое туристичко место во Грција, на Јадран, подготвени сме да платиме и по три евра за топче сладолед, а тука сите очекуваат Охрид да е евтин. Не може се да е евтино, најважно е купувачите да добијат вредност за парите кои ќе ги платат. Јас сум за квалитетна понуда, врз основа на што ќе се формира цена, а не да сме само евтини. Секако да нема исти цени секаде, значи да има избор, а има во Охрид понуда за секој џеб. – истакнува Александра.
Охрид не смее да има панаѓурска понуда, напротив, Охрид нуди развиен езерски туризам, исклучитечно природно и културно богатсво, тоа се вредности кои не смееме да ги „продаваме“ евтино, но треба да се води сметка и за охриѓани, посочува Александра. Во тој контекст џелатирајата „Ночолино“ подготви специјален попуст за локалните жители кои ќе може да уживаат во омилениот италијански сладолед по повластена цена, како што тоа го прават голем број туристички места во регионот.
Покрај вкусен италијански сладолед подготвен со квалитетни состојки на охридски начин, џелатеријата „Ночолино“ нуди одлично кафе, овошни салати и други сезонски десерти. Но, во фокусот останува сладоледот поради кој голем број минувачи не ја одминуваат џелатеријата „Ночолино“ кај скаличките, која за една година изгради препознатлив имиџ благодарение на квалитетот кој го ценат како охриѓани, така и туристите.
Г.М.