Престижната манифестација Ноември Месец на науката 2017 година која оваа година се одржува по втор пат, овојпат во организација на Сојузот  на хемичарите и технолозите на Македонија, повторно помина успешно учениците од ОУ „Христо Узунов“. Матеј Исакоски и Елена Стојоска, двајцата ученици од 5 одделение, под менторство на наставничката Даниела Стојаноска, освоија втора награда за демонстрирање на експеримент од областа на хемијата.

Денот исполнет со интересни едукативни предавања, креативни работилници  и добра дружба со преку 400 ученици од прво до шестто одделение од цела Македонија, за петтоодделенците од ОУ „Христо Узунов“ заврши со високата втора награда за успешно изведен и добро образложен експеримент.

Целта на настанот е поттикнување на младите генерации да ја покажат својата креативност и знаење, со што од друга страна се врши популаризација на природните науки.

OhridNews