Актерите од Охридскиот театар, Стрезо Стаматовски, Филип Кипровски и Никола Тодороски, потпомогнати од Филип Ангеличин – Жура и Никола Јосифоски со уште една нова „Импровокација“, овојпат, во знакот на „Мовембер”.

„Мовембер“ е годишен настан што се одржува во текот на ноември, за подигање на свеста и собирање средства за здравствени проблеми кај мажите, како ракот на простата и тестисите, менталното здравје и спречување на самоубиства. Најчестиот начин за учество е да се пуштат мустаќи во текот на целиот месец почнувајќи со избричано лице на 1 ноември, велат од Народен театар.

Ноемвриската „Импровокација“ ќе биде изведена во вторник, 11 ноември, со почеток од 20 часот.

Картите може да се резервираат на телефонскиот број 075/283-066.

OhridNews