Во врска со информациите на СВР Охрид за наводен предизборен поткуп во Општина Дебрца каде во недела ќе се одржи втор круг од локалните избори, со реакција се јави актуелниот градоначалник и кандидат за втор мандат Зоран Ногачески. Тој ги отфрла изнесените обвинувања за кој тврди дека се невистинити и неаргументирани. Неговата реакција ја пренесуваме во целост.
Денес двајца наши активисти беа приведени додека мирно делеа изборен материјал. Обвинети се без основ, под сомнение за поткуп на избори — обвинение кое е апсолутно невистинито и неаргументирано.
Во демократско општество, секој граѓанин има право слободно да се информира и да ги промовира своите политички ставови.
Верувам во институциите и очекувам дека овој случај ќе биде веднаш расчистен.,а нашите активисти ослободени.
Во изминатиот период водевме фер, демократска и транспарентна изборна кампања, со почит кон секој граѓанин и кон различното мислење.
Фејсбук статус на Зоран Ногачески.
OhridNews












