Германскиот чувар на мрежата Мануел Нојер е еден од тројцата кандидати за „Златната топка“. Конкуренција на Нојер се актуелниот освојувач Кристијано Роналдо и Лионел Меси кои според Германецот се далеку популарни од него.
– Ме прави многу горд што сум еден од кандидатите за „Златната топка“. Моите двајца конкуренти се глобален бренд и тоа е нивна најголема предност – рече Нојер.
Со Нојер на голот германската фудбалска репрезентација стигна до златното одличје на Мундијал, кој се одржа летово во Бразил.
Свечената церомонија на доделување на „Златната топка“ на 7 јануари во швајцарскиот град Цирих.
Мх.П.