Серијата без реми и пораз на Баерн Минхен од почетокот на сезоната заврши на Винсенте Калдерон, каде Атлетико Мадрид во дербито на колото во Лигата на Шампиони славеше со минимални 1-0.


„Баварците“ имаа теренска иницијатива, но по кој знае кој пат „јорганџиите“ го покажаа својот карактер и го „кутнаа“ германскиот шампион пред своите гледачи.

– За разлика од нас, тимот на Атлетико Мадрид има инстикт на убиец и тоа е она што нам некогаш ни недостасува. Со нетрпение го чекам реванш мечот во Минхен бидејќи интересно и возбудливо е да се игра со противник како Атлетико. – рече голманот на Баерн Минхен, Мануел Нојер.


Свое видување за мечот во Мадрид даде и Карло Анчелоти кој како предводник на Реал Мадрид имаше позитивен скор „црвено белите“.

– Ова не беше добар натпревар. Почнавме добро, првите 20 минути ги одработивме како што треба, а Милер имаше прилика за погодок. Подоцна почнавма да ги губиме дуелите, а Атлетико тоа го искористи за одлични контра напади. Секогаш е тешко да се игра против екипа како Атлетико која има решение за се на теренот. – потенцираше италијанскиот стратег.

ЛШ: Трилер меч на Селтик Парк, „баварците“ паднаа на Винсенте Калдерон (видео)

OhridNews