По обилните врнежи од снег, ноќеска не очекуваат сибирски температури, на
места пониски и од -10 степени Целзиусови, информираат од УХМР
Македонија. Мошне студено време со екстремно ниски температури се
очекува и во Охридскиот регион.
Во текот на денот во голем дел се
нормализираше сообраќајот во градот. Главните градски сообраќајници се
проодни, додека поголеми остатоци од снег на коловозите има на
споредните улици. Екипи на јавното комунално претпријатие од 3 часот
утрото се на терен, а покрај механизација и средства за топење, снегот
од тротоарите, плоштадот и чаршијата се расчистува рачно.
Во спротивно , граѓаните ќе бидат казнувани од страна на полицијата. Воедно се апелира до граѓаните да ги исчистат дворовите и просторот пред куќите.
Како
што информираа утрово од АД Галеб, меѓуградскиот сообраќај од и кон
Охрид се одвива редовно, но со задоцнување поради снежните наноси на
коловозите и интензивните врнежи од снег.
Автобусите воопшто не сообраќаат единствено кон Трпејца и Свети Наум поради непроодноста на патниот правец.
Сообраќајот на сите магистрални и регионални
патни правци низ државата се одвива отежнато и забавено во зимски
услови, пo влажни и лизгави коловози и со големи остатоци од снег на
коловозите. Поради врнежи од снег и остатоци од снег на
коловозот, воведени се забрани за движење на тешки товарни возила на
патните правци Гостивар – Стража – Кичево, Гостивар – Маврово – Дебар –
Струга, Охрид – Буково – Ресен, Битола – Ѓавато – Ресен и Кичево – Мак.
Брод – Прилеп. Од 12:45 часот забраната на Плетвар за движење на тешки товарни е
укината. Во 14:30 часот укината е забраната за тешки товарни на патниот
правец Струга – г.п. Ќафасан.