Послединте анализи на квалитетот на водата по однос на параметарот матност, извршени денес 04.12.2017 г., од страна на Центар за јавно здравје Охрид, на примероци на вода за пиење од Градската водоводна мрежа во Струга и селата приклучени на градскиот водовод Струга, покажуваат дека вредноста за параметарот матност во водата за пиење е во рамки на пропишаните и законски дозволени вредности, информира Центарот за јавно здравје.

-Во тек е комплетна физичко-хемиска и микробиолошка анализа на земените примероци на вода за пиење од Градскиот водовод во Струга, а официјалниот наод од анализита ќе биде доставен до надлежните инспекциски служби, за натамошно постапување.- соопшти Центарот за јавно здравје.

OhridNews